Во Франција со автомобил во пешаци

Единаесет лица биле повредени од кои две потешко кога синоќа еден возач, извикувајќи на арапски јазик „Алах е голем“ влетал со автомобил меѓу пешаци во францускиот град Дижон , пренесуваат новинските агенции. Возачот бил уапсен откако во неколку локации во градот со автомобил ги напаѓал пешаците. Извори блиски на истрагата наведуваат дека возачот претходно бил во психијатриска болница. Во саботата француската полиција убила еден човек кој со нож нападнал полицајци исто така, извикувајќи „Алах е голем“.