Романија ќе испрати 450 војници во Авганистан

Претседателот во заминување Трајан Басеску изјави дека Романија треба да испрати дополнителни 450 војници во Авганистан почнувајќи од следната година Басеску соопшти дека Романскиот Врховен совет за одбрана го одобрил испраќањето на дополнителни војници, кои ќе бидат задолжени за чување на аеродромот во Кандахар и воената база во јужен Авганистан. Басеску, говорејќи во Букурешт на последната прес-конференција пред да замине од функцијата, вчера изјави дека одлуката е донесена по барање на сојузниците на Романија .