Тешка сообраќајна несреќа на Ибарската магистрала,еден загинат

Едно лице, државјанин на Бугарија загинало , а седум се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која се судриле два патнички автомобила на Ибарската магистрала кај влезот во Железник.

Несреќата се случила околу 3 часот.Бугарскиот државјанин кој управувал со возилото загинал на лицо место.

Портпаролката на Белградската итна помош Нада Мацура изјави дека во сообраќајната несреќа, се повредени две жени и четворица мажи, од кои едната жена е со сериозни повреди, и таа во несвесна сосотојба е транспортирана до одделот за итни случаи, како и еден маж кој се здобил со повреди на главата, градниот кош и стомакот , пренесува Бета.