Ослободени четворица Авганистанци од затворот во Гвантанамо

Четворица авганистански затвореници од затворот во заливот Гвантанамо се вратија во својата родна земја,објави Пентагон. Тие биле ослободени од притвор, по опсежен преглед на нивните случаи.
Се верува дека меѓу останатите 132 затвореници во американскиот затвор во Куба има осум Авганистанци.
Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе го затвори
затворот , отворен во 2002 година,повикувајќи се на штетата што е нанесена на угледот на Америка .Но, Обама не е во можност да го стори тоа, делумно поради пречки поставени од американскиот Конгрес.Затворот е отворен една година по терористичките напади врз САД на 11 септември,
2011 година.