САД го отфрлија предлогот на Пјонгјанг за заедничка истрага

САД стојат зад тврдењето дека Северна Кореја е одговорна за хакерскиот напад врз филмското студио на Сони Пикчрс. Забелешката дојде како одговор на повикот на Пјонгјанг за заедничка истрага. Белата куќа соопшти дека САД како што се произнесе Федералното биро за истраги се сигурни дека Северна Кореја е виновна за хакерскиот напад поради кој Сони Пикчрс го откажа прикажувањето на филмот "Интервју", комедија за заговор за атентат врз лидерот на земјата, Ким Јонг Ун. Портпаролот на Советот за национална безбедност Марк Строу рече: "Ако владата на Северна Кореја сака да помогне, тие можат да ја признаат вината и да им надоместат на Сони за штетите предизвикани од овој напад." Неговата изјава дојде откако Северна Кореја ги отфрли обвинувањата на САД како "неоснована клевета", и предложи заедничка истрага.