Граѓани ќе се потпишуваат против барокот во ГТЦ

Граѓаните ќе можат да ја поддржат кампањата против барокот на Градскиот трговски центар, каде со својот потпис може да го искажат својот став по однос на менувањето на ликот на овој објект во центарот на градот. Иницијативата “Го сакам ГТЦ” постави штанд на улицата Македонија каде ќе присутвуваат архитекти, активисти, јавни личности, а секоја добронамерна поддршка ќе биде добредојдена, соопштија од иницијативата.

Пултот кој е поставен за да ги информира граѓаните за своите заложби против барокниот изглед на ГТЦ и ќе биде отворен секој ден освен недела, од 14 до 21 часот.

Граѓаните ќе можат да се потпишат и да остават порака против менувањето на изгледот на центарот.

На 28 декември ќе се одржи протестна предновогодишна забава “Во Новата година со стариот ГТЦ”, а ќе биде формиран и жив ѕид околу центарот.