Обама го потпиша предлог законот за финансирање воени операции

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша предлог законот со кој се планираат 585 милијарди долари за финансирање на воените операции, кои ги поддржуваат напорите на САД за борба против милитантите на Исламската држава.

Со предлогот, исто така, се овластува испраќањето помош за сириските бунтовници на две години и се овозможуваат пет милијарди долари за обука на ирачките сили во борбата против исламската држава.

Предлог-законот ги осигурува основните средства од 521.3 милијарди долари за војската и 63,7милијарди долари за операциите во Авганистан и во Ирак.

Објавувајќи го предлог-законот, Обама го повика Конгресот да го затвори затворот Гвантанамо на Куба.