ОН:Талибанците да ги намалат цивилните жртви

Обединетите нации ги повикале талибанците да ги намалат цивилните жртви во Авганистан, но не забележале подобрување на теренот. Обединетите нации соопштија дека околу 75 отсто од смртните случаи и повреди во Авганистан во 2014 година им се припишуваат на Талибанците. Николас Хасом , претставникот на ОН во Авганистан, изјави дека ОН им го предале извештајот на талибанските власти во Катар. Говорејќи на прес-конференцијата во Њујорк тој додаде дека Талибанците ги негирале тврдењата на ОН.