Лустриран Ѓорѓи Спасов

Комисијата за верификација на фактите го лустрираше поранешниот министер за правда и амбасадор Ѓорѓи Спасов. Комисија увидела дека името на Спасов фигурира во три лични досиеја од кои лустраторите заклучиле дека ексамбасадорот соработнувал со поранешната Служба за државна безбедност. Професор Ѓорѓи Спасов реагира дека е погрешно лустриран врз основа на неповерени факти. Тврди дека никогаш не соработувал со службите, дека неговата лустрација е политички прогон и најави дека ќе поднесе жалба до Управниот суд.