Борисов: Бугарија ќе обезбеди дозволи за градење на Јужен тeк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарија има намера да ги обезбеди сите неопходни дозволи за проектот Јужен тек за да не биде обвинета за неуспех на проектот, изјави во Брисел бугарскиот премиер Бојко Борисов. Според него, ако Газпром потоа сепак донесе решение за прекин на проектот, Бугарија нема да биде виновна. Тој нагласи дека Јужен тек не е проблем само за Бугарија.

Минатиот месец Русија соопшти дека се откажува од гасоводот поради противењето на ЕУ.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера рече дека ако Европа сепак сака гас од Русија, гасовод може да се изгради и преку Грција, Македонија и Србија до ЕУ.

Јужниот тек требаше од Русија, под Црното Море, преку Бугарија да оди кон Србија и Унгарија до Австрија и преку Бугарија и Грција до Италија.

Македонија требаше да добие крак за испорака на гас.