На ЕУ и треба долгорочна стратегија за Русија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека на Европската унија и треба стратегија за справување со Русија што ќе трае со години, а не месеци. Тој ова го рече на прес конференција по завршувањето на самитот на Унијата во Брисел. „Мора да одиме подалеку од тоа само да реагираме и да се браниме“, изјави поранешниот полски премиер Туск. Тој прецизира дека долгорочната стратегија за справување со Русија и со нејзиниот претседател Владимир Путин во врска со решавањето на кризата во Украина треба да биде соодветна и цврста. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека не Путин и другите руски раководители мора да направат радикална промена и да бидат покооперативни со останатиот дел од светот.