Во Австралија убиени осум деца

Австралиската полиција соопшти дека осум деца биле најдени убиени во еден дом во град на северот на земјата. Полицијата претходно добила повик од една жена која била сериозно повредена. Убиените деца биле на возраст од 18 месеци до 15 години. Засега нема информации кој би можело да стои зад овој ужасен чин.