Руските морнари ја напуштија Франција без Мистралите

Бродот со руски морнари, кои со месеци беа на обука на француските носачи на хеликоптери Мистрал, денеска го напуштија пристаништето Сент Назар во Франција без јасни показатели дали Париз планира да ѝ ги испорача бродовите на Русија. Франција одлучи да не им ги испорача двата брода во вредност од 1,5 милијарди долари на Русија поради кризата во односите меѓу Западот и Москва поради руската анексија на Крим од Украина. Првиот носач на хеликоптери Владивосток требаше да ѝ биде испорачан на Русија до крајот на годинава.