Отворен „кинескиот“ мост во Белград

Премиерите на Кина и на Србија, Александар Вучиќ и Ли Кеќијанг, заедно со градоначалникот на Белград, Синиша Мали, свечено го пуштија во употреба Пупиновиот мост во Белград на реката Дунав. Мостот, меѓу граѓаните познат како Кинески, го изгради кинеска компанија, а платен е во најголем дел со кредит од кинеска банка. Кинескиот премиер присуствуваше на Самитот на Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа во Белград, на кој понуди милијарди долари инвестиции во инфраструктура, енергетика и во други области.