Главниот уредник на „Зaман“ обвинет за тероризам

Главниот уредник на турскиот весникот „Заман“, Екрем Думанли, кој беше уапсен на 14 декември при полициска операција против медиуми и институции, блиски до движењето Хизмет на муслиманскиот проповедник Фетхулах Гулен, е обвинет за создавање и раководење на вооружена терористичка група, употреба на закани против личности и груби клевети, според законот за борба против тероризмот. Думанли беше предаден на правосудните органи, кои се очекува да се изјаснат дали ќе го продолжат неговиот притвор или тој ќе биде ослободен. Заедно со него уште 15 лица беа изнесени пред судот под истите обвиненија. Апсењата во Турција предизвика силни реакции во Европа и во САД. Според многумина тоа е реванш на Ердоган против некогашниот сојузник Фетула Ѓулен и неговите медиуми и институции.