Путин: приходите повисоки од трошоците

„И покрај турбулентните финансиски пазари, приходите во државни буџет на Русија ќе бидат поголеми од трошоците“. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната редовна годишна конференција за печатот во Москва. Според него, сегашна економска ситуација во Русија главно била предизвикана од странски фактори и оти Централната банка презела адекватни мерки за решавање на кризата.