„Сони“ ја откажа премиерата на филмот „Интервју“

„Сони Пикчерс“ соопшти дека ја откажува премиерата на филмот „Интервјуто“ планирана за 25 овој месец, откако поголемите кино мрежи решија да не го прикажуваат. Станува збор за пародија која го налути режимот во Северна Кореа и во која се зборува за заговор за убивање на лидерот Ким Џонг Ун. До откажувањето на премиерата дојде откако хакери извршиле сајбер напад врз Сони, односно почнаа да објавуваат мејлови и податоци украдени од оваа компанија. Во предупредувањето тие ги спомнуваат и терористичките напади врз Соединетите држави во 2001 година.