Прес конференција на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи годишната прес конференција, еден од настаните кои имаат за цел да го портретираат како силен лидер и чувар на земјата. Оваа година се очекува тој да ги смирува страхувањата поради големиот пад на вредноста на рубљата и загриженоста за руската економија која е погодена од западните санкции. Американскиот државен секретар Џон Кери деновиве изјави дека санкциите би можело да бидат симнати за неколку недели или денови, во зависност од натамошните одлуки на Путин.