Иранските нуклеарни разговори во добра атмосфера

Иранскиот министер за надворешни работи Махамад Џавад Зариф/

Иранскиот министер за надворешни работи Мoхамад Џавад Зариф изјави дека разговорите со шесте светски сили за нуклеарната програма на Техеран се водат „во добра атмосфера“. Откако преговарачите од Иран и од САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција се сретнаа на еднодневни разговори во Женева, Зариф во Техеран рече дека „се преземени добри чекори“ и оти ќе следуваат нови. Откако преговарачите не успеаја да постигнат договор до крајниот рок, 24 ноември, тие си дадоа нов рок до 1 јули до кој треба да постигнат конечен договор кој ќе ги осигура другите земји дека Техеран не се обидува да произведе нуклеарно оружје во замена за укинување на меѓународните економски санкции против Иран. Иран тврди дека нуклеарната програма е за цивилни цели.