Укинат мораториумот за смртна казна во Пакистан

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска го укина мораториумот за смртна казна за случаи поврзани со тероризам, еден ден откако талибански напаѓачи масакрираа 132 ученици и деветмина наставници во градот Пешавар во северозападен Пакистан. Во земјата од денеска е прогласена тридневна жалост за жртвите од масакрот. Пакистан воведе мораториум за извршување на смртната казна во 2008 година.