Обама го потпиша законот за финансирање на владата

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за финансирање на владата во вредност од еден билион и 100 милијарди долари што во минатата недела беше освоен во двата дома на Конгресот. Со овој закон продолжува финансирањето на повеќето владини агенции до крајот на септември идната година. Министерството за домашна безбедност ќе се третира поинаку, односно ќе биде финансирано само до крајот на февруари догодина поради несогласувањата на републиканците со наредбата на Обама околу имиграциската политика. Обама во текот на неделава треба да ја потпише и легислативата за нови санкции против Русија поради нејзините активности во Украина.