Грузија и Украина со безвизен режим во ЕУ од идната година?

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевиц изјави дека Европската унија би можело во идната година да дозволи безвизен режим за граѓаните на Украина и Грузија.Тој прецизира дека ова би можело да биде постигнато за време на самитот на Источното партнерство во Рига во мај идната година. Летонија на 1 јануари го презема шестмесечното претседавање со Унијата. Молдавија во април годинава доби слободен влез на нејзините граѓани во Шенген зоната во која се вклучени 22 од 28 земји на европската унија и четири земји кои не се членки како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.