Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински врвови ќе има врнежи од снег. Повеќе врнежи од дожд се очекуваат во југоисточниот дел на земјава. Во повеќето котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Преку денот ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од пет до 11 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко со повремен слаб дожд особено во претпладневните часови и со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до седум степени.