Мартина Навратилова се ожени со својата партнерка

Илустрација.

Поранешната тениска ѕвезда, 58-годишната Мартина Навратилова вчера во Њујорк склучила брак со својата партнерка, Русинката Јулија Лемигова. Навратилова, која е родена во Чешка, е деветкратна освојувачка на Вимблдон и првиот тенисер што го освоил овој турнир шест пати по ред. Таа беше првата врвна спортистка што јавно откри дека е бисексуалка. Навратилова и 42-годишната Лемигова се во врска од 2009 година. Во септември тенисерката јавно ја запроси својата девојка за време на турниот Ју-Ес Опен во Њујорк што предизвика овации од публиката. Лемигова се занимава со бизнис. Инаку таа е поранешна мисица на СССР од 1990 година, а на изборот за Мис на Светот во 1991 година беше на второто место.