Во Белград самит меѓу Кина и 16 европски земји

Кинескиот премиер Ли Кечијанг

Кинескиот премиер Ли Кечијанг синоќа пристигна во Белград за да учествува на самитот со претставници на16 земји од Централна и Источна Европа на кој главна тема е трговската размена и кинеските инвестиции во регионот. Повеќето од земјите учеснички на собирот се членки на Европската унија. Пекинг најави дека е заинтересиран за инвестирање во енергијата, земјоделството, индустријата и инфраструктурата во регионот. Кинескиот премиер ќе престојува во Србија до 18 декември. Неговата посета е прва на еден кинески премиер на Белград по 28 години.