Рубљата изгуби половина од својата вредност

Руската рубља денеска достигна ново историско најниско ниво, при што еден американски долар сега се менува за над 63 рубљи, а за едно евро се добиваат на 78 рубљи. Падот е резултат на западните санкции поради руската улога во кризата во источна Украина, но и поради падот на цените на нафтата на светските берзи. На почетокот на годината еден долар се менуваше за 33 рубљи. Аналитичарите предвидуваат дека Руската централна банка ќе мора повторно да интервенира за поддршка на рубљата. Русија годинава потроши повеќе од 80 милијарди долари за поддршка на националната валута. Минатата недела централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 10,5 отсто, но рубљата продолжи да паѓа.