Заврши заложничката драма во Сиднеј

Заврши заложничката драма во Сиднеј, откако полицијата упадна во кафулето во центарот на градот, каде што еден маж 16 часа држеше заложници, кои одредено време беа принудени да веат исламско знаме низ еден од прозорците. Напаѓачот и еден од заложниците загинале во полициската акција. Некои од заложниците успеале да избегаат кога полицијата упаднала во објектот. Во акцијата има и повредени, а неколку луѓе беа изнесени на болнички носилки. Претходно, петмина заложници успеаја да избегаат. Напаѓачот имал 50 години е со потекло од Иран, но не се соопштува што се случило со него. Тој бил обвинет за сексуален напад и соучесништво во убиство во други случаи.