Деветмина повредени во верижен судир на 19 возила кај Волково

Фото: Алсат-М

Девет лица се полесно повредени во верижниот судир на 19 возила што се случи изутрината околу осум часот на патот кај клучката Волково на обиколницата кај Скопје, информира полицијата. Луѓето кои се пожалиле на повреди се пренесени на скопските клиники. Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајната незгода.