Кери и Лавров на разговори во Рим

Американскиот државен секретар Џон Кери во Рим се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Притоа Лавров побарал итна акција за спречување на влошувањето на ситуацијата меѓу Израел и Палестинците. Руската страна ја најави и можноста да ја искаже нејзината загриженост за законот што е усвоен во Конгресот а со кој се дозволува американска помош во оружје за Украина, како и нови санкции против Русија. Кери по Рим заминува за Париз на разговори со министрите за надворешни работи на Европската унија, Франција, Германија и Британија. Утре Кери во Лондон ќе разговара со палестински и арапски претставници.