Кери пристигна во Рим за средбата со Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Рим, каде што треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на разговори во кои кризата во Украина ќе биде главна тема. Кери треба да се сретне со Лавров, во текот на вечерта.

Вчера руските власти соопштија дека на средбата Лавров ќе ја изрази загриженоста на Москва во врска со законот усвоен од Конгресот на САД познат како акт за поддршка на Украина.

Вашингтон ја обвини Русија за поддршка на сепаратистите во конфликтот во источниот дел на Украина, во кој загинаа повеќе од 4.600 луѓе. Кери ќе остане во Рим и утре за да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.