Бугарија ги одложи реформите на пензискиот систем

Илустрација.

Бугарскиот министер за труд и социјална политика Ивајло Калфин ги прифати аргументите на синдикатите и се согласи на продолжување на преговорите за реформата на пензискиот систем до 31 март 2015 година, јави БТА. Како што соопшти бугарското Министерство за труд и социјална политика, ваквиот договор бил постигнат на денешната средба на Калфин со претставници на синдикатите. На средбата е потпипшан Меморамдум за разбирање, со кој бугарската Влада се обврзува дека во текот на 2015 година нема да има ново зголемување на старосната граница за заминување во пензија.Со Меморандумот е утврдено дека во текот на идната година старосната граница за заминување во пензија ќе се зголеми за четири месеци, како што е предвидено со актуелниот закон и се остава простор за преговори за решавање на спорните прашања до крајот на март. Владините најави за реформи во пензискиот систем и за зголемување на старосната граница за заминување во пензија, изминативе денови предизвикаа масовни протести низ бугарските градови во организација на водечките синдикати.