Десетмина загинати во рударска несреќа во Кина

Илустрација.

Десет мртви рудари се пронајдени денеска во рудник во Кина, откако беа затрупани по експлозија во рудникот Сингјун. Властите ги истражуваат причините за несреќата. Кина е земја со највисока стапка на рударски несреќи со смртни последици во светот, иако во голема мерка ги подобри условите за работа. Минатата година имало повеќе од 1.000 жртви во 604 рударски несреќи, но тоа е значително помалку во споредба со пред 10 години кога годишно имало повеќе од 6.000 мртви.