Потрага по преживеани од лизгање на земјиштето во Индонезија

Илустрација.

Спасувачките екипи во Индонезија и денеска продолжуваат со потрагата по 80 исчезнати луѓе при лизгањето на земјиштето кое во петокот уништи село на островот Јава. Во несреќата загинаа 26 луѓе, 15 се повредени од кои 11 посериозно, а 577 луѓе се сместени во прифатни центри. Лизгањето на земјиштето во Индонезија е вообичаена појава за време на сезоната на монсуните, кои траат од октомври до април.