Турската полиција упадна во медиуми блиски до проповедникот Ѓулен

Припадници на турската полиција денеска упадна во една телевизија и еден весник, кои важат за блиски до муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Според турските медиуми, при полициската акција се уапсени неколку лица.

Полицискиот упад уследи само неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави нова кампања против неговиот поранешен близок соработник, а сега непомилив непријател Ѓулен и неговите приврзаници.

Полицијата извршила упади во повеќе објекти во Истанбул и во 13 други турски градови, при што според медиумските извештаи, се уапсени 32 лица.