Спор за нуклеарниот договор меѓу Москва и Вашингтон

Aмериканскиот потсекретар за контрола на вооружувањето и меѓународната безбедност Роуз Готемулер.

Русија реагираше жестоко на обвинувањата од Вашингтон дека Москва ги крши обврските од нуклеарниот договор со САД. Русија вели дека нема да го следи „американскиот диктат“ за договорот.

Во вчерашното соопштение од руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Вашингтон продолжува со логиката на конфронтирање во односите со Русија.

Руското соопштение е одговор на забелешките дадени на 10 декември за време на конгресното сослушување на американскиот потсекретар за контрола на вооружувањето и меѓународната безбедност Роуз Готемулер.

Брајан МекКоен, главниот заменик потсекретар за политика на американското Министерство за одбрана, рече дека Вашингтон размислува за можни контрамерки како одговор на руското прекршување на договорот.