Протест поради падот на рубљата во Москва

Должници на руските комерцијални банки денеска се собраа на протест пред Руската централна банка во Москва, поради кризата со падот на рубљата. Демонстрантите, од кои дел зеле станбени кредити во странска валута, велат дека поради драматичниот пад на рубљата, нивните долгови сега ја надминуваат вредноста на купените станови или куќи. Тие побараа владина помош за да се осигураат дека ќе може да ги плаќаат ратите и во иднина. Рубљата загуби 70 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар во изминатата година.