Воздушниот простор над Лондон затворен за летови

Аеродромот Хитроу во Лондон.

Европските власти за воздушна навигација и сообраќај соопштија дека воздушниот простор над Лондон ќе биде затворен до 20 часот вечерва поради компјутерска грешка во контролата на летање. Лондонскиот аеродром Хитроу претходно соопшти дека летовите се одложени поради „прекин на напојувањето“ на системите за контрола на воздушниот сообраќај. Аеродромот Гетвик, пак, соопшти дека авиони сè уште слетуваат кај нив, но оти не полетуваат. Аеродромот во Манчестер, пак, соопшти дека кај нив нема проблеми и оти се подготвени да ги прифатат пренасочените летови.