Полска: Руска активност без преседан на Балтикот

Полскиот министер за одбрана Томаш Сјемонијак изјави дека руската војска била ангажирана во досега невиден голем број акции околу Балтичкото море. „Во изминативе денови гледаме невидена активност на руската балтичка флота и на руското воздухопловство“, рече тој, додавајќи дека Полска, која е членка на НАТО не е под некаква закана за напад и оти руските маневри најверојатно биле со цел да тестираат како Алијансата би реагирала. Тој изјави дека Варшава, поради сегашните тензии во регионот, реши да купи од Соединетите држави 40 ракети со долг дострел и три тактички ескадрили на борбени авиони од типот Ф16. Зделката е вредна околу 250 милиони долари.