Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер, а долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од шест до 10 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени.