Полска купува ракети со долг дострел од САД

Илустрација: Американски противракетен систем Патриот во Полска.

Полскиот министер за одбрана Томаш Сиемониак изјави дека ракетите со долг дострел што Варшава ги купува од САД ѝ се особено потребни на Полска поради актуелните тензии во регионот. Тој исто така оцени дека се без преседан последни активности на руската морнарица и авијација во регионот на Балтичкото Море, велејќи дека поголемиот дел инциденти со руските операции се случуваат во меѓународни води. Зборувајќи на церемонијата за потпишување на договорот вреден 250 милиони долари, тој рече дека американските ракети се најмодерната опрема што Полска досега ја набавила. Американскиот Стејт департмент го одобри договорот во октомври. Испораката треба да почне наредната година, а ракетните системи ќе станат оперативни во 2017 година.