Со поголеми камати Русија се брани од инфлација

Руската народна банка ја зголеми основната каматна стапка за цел процент на 10,5 отсто во обид да ја зајакне ослабнатата рубља и да го забави зголемувањето на цените. Банката предвидува дека инфлацијата до крајот на годинава ќе достигне 10 отсто, што се должи на падот на рубљата и стагнацијата на економијата до 2016 година. Руската економија е погодена од западните санкции поради нејзината улога во кризата во источна Украина, како и поради падот на цената на нафтата на светските берзи. Во март, кога Русија го анектираше Крим од Украина, каматната стапка беше 5,5 отсто. Рубљата оваа година изгуби 40 проценти од својата вредност.