Независна истрага за допинг на руски спортисти

Светската антидопинг агенција ВАДА соопшти дека ќе спроведе целосна истрага за обвинувањата за наводен систематски допинг во Русија. Одлукатабила донесена по прегледот на сериската документарна програма на германската АРД телевизија во минатата недела. Во емисиите се наведува дека во Русија постои мрежа на допингување и корупција во атлетиката и оти во тоа биле вмешани и владини агенции. Руската атлетска федерација ги отфрли наводите како „пакет лаги“.