Порошенко бара Москва да ги повлече војниците

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара Русија да ја прекине поддршката на сепаратистите на истокот на неговата земја, вклучувајќи и повлекување на руските сили од Украина. Тој побара Русија да ја затвори границата меѓу двете земји, наведувајќи дека тоа би можело за неколку недели да донесе мир и стабилност во Украина. Москва ги отфрла наводите дека има некаква улога во конфликтот во источна Украина. Порошенко ова го изјави за време на неговата посета на Австралија.