САД ја завршија контролата во затворите во Авганистан

Пентагон соопшти дека Соединетите држави, по една деценија, веќе не оперираат во ниту еден затвор во Авганистан. Прецизирано е дека последните тројца затвореници биле преместени од затворскиот центар Парван. Меѓу нив бил и Реда ал Наџар кој, според последниот објавен извештај за ЦИА, во 2002 година бил субјект на недозволени техникина сослушување.