Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно, наутро со услови за појава на магла. Во јужните и во југоисточните делови од земјата во попладневните часови ќе има и услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од пет до девет степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.