Големи критики по објавување на извештајот за методите на ЦИА

Објавувањето на извештајот на американскиот Сенат за техниките на испрашување на ЦИА резултираше со големи критики за активностите на агентите по нападите од 11 септември 2001 година во САД. Висок претставник на Обединетите нации за човекови права, изјави дека објавувањето на извештајот треба да доведе до гонење на високи функционери во администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека извештајот покажува дека некои агенти на ЦИА ги прекршиле сите прифатените норми на човековите права. Тој, исто така, побара да се каже колку Авганистанци биле мачени за време на испрашувањето од страна на ЦИА.

Европската унија го поздрави објавувањето на извештајот, велејќи дека тоа со тоа е направен позитивен чекор во препознавањето важни прашања во врска со кршењето на човековите права од страна на американските власти.

Поранешниот претседател на Полска, Александар Квашњевски, денеска рече дека Варшава се согласила да обезбеди објекти во Полска каде американските агенти требало да ги испрашуваат осомничените терористи.