Путин во посета на Узбекистан

Рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Ташкент со неговите домаќини ќе разговара, како што објави Кремљ, за стратегиското трговско партнерство со таа земја. Најавено е потпишување на неколку билатерални договори, вклучувајќи и договор со кој се намалува долгот на Узбекистан во вредност од 890 милиони долари.