Бајден: Украина нема да пропушти уште една шанса за промени

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Украина не може да пропушти уште една шанса за промени кон подобро. Зборувајќи во Националниот демократски институт во Вашингтон тој изјави дека Украинците пропуштија да го сторат тоа по отцепувањето од Советскиот сојуз пред 25 години, но и по Портокаловата револуција. „Во догледно време тие ќе немаат други шанси“, предупреди Бајден. Украинските владини сили се борат со проруските сепаратисти на истокот на земјата од април годинава. Во овој конфликт досега загинале над 4 илјади и 300 луѓе.