Русија се обидува да внесе раздор во ЕУ

Украинскиот амбасадор во ЕУ, Константин Јелисеев, денеска ја обвини Русија дека се обидува да посее раздор меѓу членките на Унијата. Зборувајќи на настан организиран од аналитичкиот Европски центар за политика во Брисел, тој рече дека приоритет е да се заштити солидарноста и единството во ЕУ, бидејќи главна цел на Кремљ е да се обиде да го наруши тоа единство во Унијата. Тој рече дека верува оти токму тоа бил мотивот Русија да се откаже од проектот Јужен тек. Според него, Москва размислува за тоа „како најдобро да се обиде да ја подели ЕУ“.