Грузискиот парламент ќе забрани испраќање борци во Ирак и во Сирија

Грузискиот командант во Исламската држава Таркан Батирашвили, на Блискиот Исток познат како Умар ал-Шишани.

Грузискиот парламент работи на донесување закон со кој ќе им се забрани на грузиските државјани да се борат на борат на страна на Исламската држава во Ирак и во Сирија. До ова доаѓа откако во тамошната јавност се појавија информации дека 21-годишно момче од областа Панкиси во близина на границата со Чеченија, каде што живее муслиманското малцинство во земјата, загинало во борбите во сирискиот град Кобани минатата недела. Тој е осмиот Грузиец што загинал во Сирија.